Силен земјотрес во Грција се тресеше и во Збугарија и Италија
Силен земјотрес утрово во јужна Грција. Според првичните информации, земјотресот е со јачина 5,7 степени по Рихтер. Епицентарот е 112 километри југо-западно од градот Патра, односно 36 западно од Филијатра.
Потресот е регистриран во 09:12:45 секунди по локално време.
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија.
Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, во Родопите, а епицентарот на потресот бил во селото Грохотно, на четири километри од Девин и 95км од Пловдив, на длабочина од девет километри.
Само половина час предходно, во 8:09 часот по локално време, Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека вечерва во 22 часот и 20 минути, северниот дел на Италија е погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се почувствува и во соседните земји, вклучително и Словенија и дел од Хрватска.