Свет

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура на Украина, соборени се 12 дронови

Во текот на изминатата ноќ Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура на Украина во јужните и југоисточните региони на земјата, соопштија денеска вооружените сили на Украина.

Според украинските воздухопловни сили, противвоздушната одбрана соборила девет од 12 руски беспилотни летала над регионите Керсон, Одеса, Днепропетровск и Полтава.

Според информациите на украинската армија, во нападите нема жртви или штети, пренесува Униан.

Агенцијата наведува дека во рускиот напад на 22 март целосно била уништена термоцентралата Змиевска во Харковската област, а хидроцентралата Днепар била оштетена и поради тоа нејзината работа била прекината.

На почеток