Свет

Потрагата по Данка продолжува: патроли низ селото, се претресува теренот и куќите

Полициски патроли се уште го обезбедуваат дворот од кој исчезна девојчето Данка Илиќ (2).

По четири дена потрага се уште нема траги од исчезнатото девојче.

Полициските патроли кои се наоѓаат низ селото – речиси на секоја раскрсница, во детскиот парк, пред куќи и згради, денеска ќе продолжат со идентификација и увид во куќите и становите на жителите на Бањско Поље кои не успеале да ги пронајдат во нивните домови вчера.

При претресот на теренот во потрага по Данка, постојано се приклучуваат нови тимови од полиција и пожарникари со надеж дека ќе најдат некаква трага што ќе ги доведе на чекор до пронаоѓање на девојчето.

На почеток