Тошковски од пунктот „Пролет“: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во посета на пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.
Министерот Тошковски изрази искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.
„Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000.“, рече министерот Тошковски.