Свет

Пожар во Грција: Наредена евакуација на Крит, има повредени, 120 пожарникари го изгаснале пожарот

Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар

Еден маж е повреден во шумски пожар што утринава избувна на грчкиот остров Крит, а властите наредија евакуација на четири станбени области на истокот од островот, пренесе Катимерини.

Според информациите, мажот се здобил со изгореници и проблеми со дишењето и се лекува на одделението за интензивна нега во болница на Крит, а не се знае степенот на повредите.

Пожарот, поттикнат од силните ветрови, се прошири низ падините на планинската шума источно од крајбрежниот град Иерапетра.

Властите наредија претпазлива евакуација од населбите Ахлија, Галини, Агиа Фоти и Маврос Колимпос, каде живеат околу 300 луѓе, бидејќи пожарот се приближил до некои куќи.

Околу 120 пожарникари го гаснат пожарот со помош на два хеликоптери.

Шумските пожари се вообичаени во Грција во текот на летните месеци, а минатата година пожарот што гореше во североисточна Грција 11 дена уништи површина поголема од Њујорк и уби 20 луѓе.

На почеток