Свет

Ден на жалост во Косово поради убиство на две жени

Понеделник – ден на жалост во Косово поради смртта на полицаецот Африм Буњаку

Во Косово денеска е Ден на жалост поради убиството на две жени. Одлуката за ова вчера ја донесе претседателката на Косово, Вјоса Османи, по убиството на жена во Пеќ.

Вчера во Пеќ е убиена четириесет и тригодишна жена. За убиство е осомничен нејзиниот сопруг, кој претходно бил осуден за семејно насилство.

Ова е втор случај на убиство на жена во Косово за краток временски период.

Пред само пет дена, на 12 април, пред канцеларијата на Центарот за социјална работа во Урошевац беше убиена дваесет и едногодишна жена. Се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот поранешен сопруг, пишува Радио Контакт плус.

„Утре ќе биде ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки“, напиша Османи на Фејсбук.

На почеток