Свет

Страшни бури во Пакистан и Авганистан, речиси 140 загинати

(Видео) Катаклизма во Мексико: невремето уби најмалку осум лица, уништи четири куќи и оштети 50

Бројот на загинати во невремето во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области се очекуваат пообилни врнежи. Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошната агенција за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.

Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во Авганистан, околу 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите низ целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за катастрофи.

Обилните врнежи од снег и дожд во последните месеци во Авганистан предизвикаа многу жртви и повредени по невообичаено блага зима. Екстремните временски настани како поплави и суши се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите.

Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на ефектите од климатските промени.

На почеток