Уште три дена претседателските изборни карвани ќе ја крстосуваат Македонија во убедување на граѓаните
Уште три дена претседателските изборни карвани ќе ја крстосуваат Македонија во убедување на граѓаните зошто нивниот кандидат е оној најдобриот. Од понеделник на полноќ настапува молк но само за претседателските избори, додека кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, може да се одвива, но без реклама и споменување на претседателските кандидати.
Кандидатите за пратеници во сбоите изборни единици ќе ги претстават своите идеи.
Граѓанскиот кандидат за претседател, поддржан од коалицијата на ,, За Европска Македонија”, предводена од СДСМ, Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката поддржана од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред жителите во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево, каде ќе се одржи и митинг.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ, За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја промовира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.