Македонија

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да гласаат за еден или за двата вида на избори

Утре ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори, заедно со вториот круг од претседателските избори.

Секој гласач може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето демократско право.

Според членот на ДИК, Бобан Стојаноски, Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден.

,,Гласачот добива две гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или само едно гласачко ливче за изборите за кои се одлучил да гласа. Тој гласа сам и тајно зад гласачкиот параван”, рече Стојаноски на прес-конференцијата на ДИК

Од ДИК апелираат до избирачките одбори и општинските комисии да ги почитуваат законите, Изборниот законик, упатствата и правилниците донесени од страна на ДИК, со цел успешно спроведување на двојните избори.

На почеток