Македонија

Лични карти можат да се земаат и утре

Граѓаните кои поднеле барање до 3 мај, ќе можат да ги подигнат своите изготвени лични карти и утре, на денот на двојните избори од 8 до 19часот.

„Од 8 до 19 часот утре ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информираат од Министерството.

На почеток