(Видео) Сите поткупи од вчера: Се делеле бонови, пратеник користел тајни податоци, се сликале и листи на гласачи
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека вчера имало незаконити настани пријавени во МВР. Денешниот пак, засега е мирен и поминува во демократска атмосфера.
„Имало повеќе незаконити активности на територија на Македонија. Во СВР Охрид се констатирани незаконски дејствија од членови на избирачки одбори. Тие активности биле користени за информирање на одредена политичка партија кој гласал и за кого“, рече Тошковски.
Незаконски активности имало и на подрачјето на СВР Куманово односно Крива Паланка.
„Давани се бонови, кои што се искористувани од острана на членови на одредена политича партија, по напатствија на општинскиот огранок на политичка партија“, додаде Тошковски.
И на територија на СВР Велес, МВР имало работа.
„Со наредба на обвинител имаше претрес во домот на едно лице поврзано со одредена политичка партија – најдени се повеќе пиштоли, незаконски држени од него, парични средства од 20.000 евра, како и списоци на луѓе, за кои има претпоставка дека требало незаконски да бидат внесени во незакоснки активности, односно да бидат покупени. Лицето е во притвор“, кажа Тошковски.
Имало повреда на изборниот процес на територија на СВР Охрид, во Кичево.
„Повеќе возила се забележани кои биле управувани од лица кои вршеле поткуп во интерес на одредена политичка партија“, посочи Тошковски.
Тој додаде и дека во Неготино: „пратеник од политичка партија, со искористување на податоци кои треба да бидат тајни однсоно средства доделени за ИПАРД-програми, се јавувал кај луѓе кои биле корисници на такви средства, влијаел кај граѓаните за кого да гласаат“, додаде Тошковски.