Магазин

Шпански новинар тврди дека Израелците го малтретирале на Евровизија поради Палестина: „Нема да нѐ исплашат“

Израелски новинари малтретирале шпански новинар на Евровизија, објави шпанската телевизија RTVE, која побара од ЕБУ да обезбеди слобода на печатот.

Хуан Ма, креаторот и основачот на шпанската компанија Blooper, објави видео во кое вели дека бил малтретиран од израелски новинари поради неговите коментари за ситуацијата во Палестина.

„Во единаесетте години што ја следам Евровизија, никогаш не сум се чувствувал толку небезбеден на фестивалот“, вели тој во видеото.

„Неколку израелски новинари решија да ме заплашат и караат затоа што извикував „Слобода на Палестина“ по пробата на претставникот на Израел. Нема да не исплашат. Нема да не замолчат“, рече тој.

Инцидентот беше известен за шпанската телевизија РТВЕ, која го окарактеризира како сериозно кршење на слободата на новинарите.

На почеток