Магазин

Официјално: Холандија нема да настапи во големото финале на Евровизија!

Пејачот Јост Клајн, претставник на Холандија, нема да се натпреварува во големото финале на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Шведската полиција истражува поплака од жена член на продукциската екипа по инцидентот по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта.

Иако правниот процес си го зема својот тек, не би било соодветно да го продолжи натпреварот. Се огласи и ЕБУ.

„Сакаме јасно да појасниме дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не учествувале други изведувачи или членови на делегацијата.

Ние работиме со политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на натпреварот.

Во светлината на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување.

Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници“, се вели во нивното соопштение.

На почеток