Македонија

(Видео) Претседателска заклетва на Силјановска Давкова во Собранието

Во Собранието на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова ќе даде заклетва пред пратениците, по што, ќе ја преземе и функцијата и ќе се упати кон Вила Водно.

Во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

На почеток