Македонија

Европскиот фронт на ДУИ во грч: Прават сѐ во ДИК за да изгубат двајца пратеници – а се е регуларно

Европскиот сојуз предводен од ДУИ обвинува дека Државаната изборна комисија ќе донесе одлука за прегласување на неколку гласачки места, а со цел, тие да изгубат еден до двајца пратеници.

Тие најавуваат дека ќе се борат со сите капцитети кои ги имаат оти како што велат: “Двете најголеми македонски партии вршат притисок на членови на ДИК да се поништат гласањата, иако немало забелешки”.

Според Европскиот сојуз, ќе ги користат сите демократски алатки, за да не дозволат носење на одлука за прегласување.

“Постои меѓународен фактор и институции кои ние ќе ги искористиме”, додаваат од Европскиот фронт.

На почеток