Свет

Состојбата на Словачкиот премиер е стабилна, но загрижувачка, бил опериран пет часа

Операцијата на Роберт Фицо, Словачкиот премиер, врз кого вчера беше извршен атентат, траела пет часа.

Како што изјави директорката на болницата во Бањска Бистрица, Миријам Лапуникова Фицо, има повеќе прострелни рани.

Операцијата ја извршиле две оперативни екипи. Пациентот има повеќе прострелни рани.

,,Во моментов неговата состојба е стабилна, но многу сериозна”, рече Лапуникова.

Атентатот се случи пред Домот на културата во Хандлова, каде Фицо дојде да ги поздрави собраните граѓани по средбата со кабинетот. Во него од толпата пукал 71 годишниот словачки писател Јурај Цинтула, кој бил активист на либералната партија Прогресивна Словачка.

Пред да пупа, напаѓачот му извикал на Фицо: „Робо, дојди овде“.

Тој беше уапсен на лице место.

Напаѓачот испукал пет куршуми кон премиерот, кој се здоби со прострелни рани во пределот на градниот кош, стомакот и раката.

Партијата на Фицо, победи на парламентарните избори во октомври минатата година. Тој се врати на премиерската фотелја, која претходно ја држеше од 2006-2010 и 2012-2018 година.

Фицо во својата предизборна кампања јасно кажа дека Словачка не треба да му доставува оружје на Киев.

На почеток