Коментари

Има ли закана во извиците „ќе одговараш“ упатени кон Кацарска – одговара адвокатот Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски, смета дека лицето уапсено поради извици „ќе одговараш“, кон уставната судијка Добрила Кацарска, не може да одговара за кривично дело загрозување на сигурноста, бидејќи не е исполнето битието. Според него, Кацарска треба да си направи рекапитолација на својата работа доколку, како што вели, си ја има мувата на капата.

„На Кацарска и била загрозена сигурноста затоа што некој и рекол “ке одговараш, сериозно ке одговараш”, па после тоа следел цел циркус, апсења, пријави и слично… Прво кривичното дело “загрозување на сигурноста” по член 144 став 1 подразбира да некој сериозно се закани по “телото или животот” на некое лице… Второ таа закана треба да биде сватена сериозно и да постои страв од нејзино исполнување…

Е сега во зборовите “ке одговараш, сериозно ке одговараш” не се споменува животот и телото, а и доколку заканата се исполни единствено може да и биде загрозена слободата (ќорќа). Верувам дека Optimus Prime правникот во државава тоа го знае и знае дека постапка за утврдување на кривична одговорност за вакво дело се поведува со приватна кривична тужба па “лапсусот” кривична пријава нема да го земеме за зло..

Е сега ако си ја има мувата на капата од искажаните зборови нека си направи рекапитулација на својата работа и делување а не безвезе да пројавува и затвара луѓе затоа што она “ќе одговараш, сериозно ке одговараш” баш ради тоа и и е плеснато, онака јавно и ќефлиски…“, вели Пешевски.

На почеток