Вучиќ откри со каква ароганција одговорила Германија на резолуцијата за Сребреница
Во Њујорк вчера во организација на Постојаната мисија на Република Србија при Обединетите нации се одржа панел дискусија „Зборуваме ние затоа што тие не можат – гласови што треба да се слушнат“ – сведоштва на сведоци и жртви на војната во Босна и Херцеговина.
На крајот од панел дискусијата говореше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Меѓу другото, тој рече:
„Нашиот постојан претставник овде сакаше да разговара со Германците како главни креатори на резолуцијата. Да разговараме за текстот, да видиме дали можеме да направиме нешто заедно. А знаете ли каков одговор доби „Ќе се соочите со резолуцијата на начин на кој ние ќе ви го дадеме.” Знам дека сме премали, но веруваме дека европските и демократските вредности секогаш ќе значат дека сите ние треба да бидеме вклучени во процесот на донесување вакви важни резолуции“, рече претседателот на Србија, говорејќи на крај на панел дискусијата.
Инаку, светот ги слушна и шокантните признанија на Србите кои го преживеаја тамошниот хорор.