Свет

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во главниот град на Виетнам

(Видео) Пожарот во Албанија излезе од контрола, на помош повикана  и војската

Најмалку 14 лица загинаа, а тројца се повредени во пожар што избувна рано утринава по локално време во густо населена станбена област во Ханој, соопшти полицијата. Пожарникарите успеале да спасат седум лица од пожар во петкатница во мала уличка во главниот град на Виетнам, соопшти Министерството за јавна безбедност. Министерството соопшти дека ги истражува причините за пожарот, чии жртви се уште не се идентификувани.

Во септември минатата година во пожар во станбена зграда во Ханој загинаа најмалку 56 лица, меѓу кои и деца, а 37 беа повредени.

На почеток