Свет

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди островската држава Вануату: можно ли е цунами

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди островската држава Вануату во јужниот дел на Тихиот Океан, но нема предупредувања за цунами и нема информации за материјална штета или жртви.

Епицентарот на земјотресот бил на 83 километри северозападно од главниот град Порт Вила, на длабочина од 29 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами со седиште на Хаваи соопшти дека нема опасност од цунами, пренесува Ројтерс.

Вануату се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, лак од сеизмички раседи околу Тихиот Океан, каде што се случуваат голем дел од светските земјотреси и вулканска активност.

Пред една година, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала предизвика мало цунами кај брегот на Вануату, но не беше предизвикана штета.

На почеток