Македонија

Гаши ќе биде гласан за собраниски претседател, не сака да го споредуваат со Џафери: Ќе ја вршам функцијата достоинствено!

Африм Гаши се повлече од функцијата претседател на Алтернатива и ќе биде кандидиран за претседател на Собрание, потврдува тој за „Скопје1“. Одлуката ќе биде во рацете на пратениците кои ќе треба да одлучат дали предлогот ќе биде прифатен.

„Нормално дека ќе биде предизвик, тоа ќе биде важна функција. Дали ќе бидам подобар од Талат Џафери ќе кажат граѓаните. Не ми е важно дали ќе бидам подобар од некого, туку да ја извршам функцијата достоинствено и квалитетно, за граѓаните да бидат среќни. Не би сакал да се споредувам со никого“, рече Гаши за „Скопје1“.

Тој додаде дека негова заложба ќе биде и почитувањето на Деловникот на Собранието, нешто на што имаше замерки кога со Собранието раководеше Талат Џафери.

Предлогот Гаши да биде претседател на Собранието ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, со што официјално ќе се потврди коалицијата со ВРЕДИ. Се шпекулира дека следен министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, исто од коалицијата ВРЕДИ.

„Скопје1“ објави и како ќе тече конститутивната седница која е закажана за утре во 11 часот во Собранието.

Нов состав, нов спикер, утре во 11 часот конститутивна седница на 11-от Парламенет

На почеток