Македонија

Кој е новиот претседател на Уставен: Советник на Иванов, критикуван дека не знае право од Камбовски…

По скоро една недела натегања со гласови, Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд. Тој ги добил потребните шест гласови, што е 2/3 од вкупниот број судии. Неговиот мандат ќе биде три години на чело на овој суд.

Костадиновски и е познат на јавноста по критиките кои ги доби од академик Владо Камбовски. Во 2019 година, Камбовски му посочи на новоизбраниот претседател на Уставен, дека не ја разбира азбуката на правото и на Уставот и се чудеше како тој може да биде уставен судија.

Костадиновски беше предлог на експретседателот Ѓорге иванов за уставен судија. Тој пред оваа функција беше советник на Иванов и во времето на амнестијата која тогашниот претседател ја даде за осомничените и сведоците во случаите на СЈО.

Се обидоа, но не успеаа, уставни судии да станат и Осман Кадриу, Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ Бозаџиева.

На почеток