ДУИ најавува редефинирање на правен поредок, па укажа: Гледаме намера да се минира се што е постигнато од 2001 до сега
Арбер Адеми, портпарол на ДУИ, која заминува во опозиција, најавува редефинирање на правниот поредок на државата. Тој укажа дека вакви барања добивале, па кажа дека ВЛЕН се нелегитмни. Според него, тенденциите на новата Влада е минирање на се што е постигнато од 2001 година до сега.
„Сериозно се разгледуваат политичките случувања кај нас. Тоа што ние реагираме е почитување на Охридскиот рамковен договор. Да се почитува консензуалната демократија. Гледаме тенденции да се минира сето тоа што е постигнато од 2001 година до сега“, рече Адеми.
Според него, програмите на политичките партии кои сакаат да се дел од Владата, имаат определби за елиминирање на бадентерот и балансерот.
„Ова се механизми за заштита од мајоризација. Ги следиме сите политички случувања, а до кај нас се адресираат барања од интелектуалци за различни модели за редефинирање на правниот поредок на државата“, додаде тој.
Прашан дали ќе бидат конструктивна опозиција или ќе читаат книги во Собранието, Адеми одговори дека Деловникот е променет и сега ќе ги користат сите мехамизми кои ги имаат на располагање.