Македонија

Избрани потретседателите на Собранието: Бендевска се заколна во РС Македонија, а Митрески во Република Северна Македонија

Пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ се избрани за потпретседатели на Собранието. За нивниот избор на потпретседателската функција во Собранието гласаа мнозинство пратеници на денешната пленарна седница.

За изборот на пратеникот Антонијо Милошоски за потпретседател гласаа 69 пратеници, Јован Митрески го поддржаа 82 пратеници, а за пратеничката Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.

По гласањето, новоизбраните потпретседатели дадоа свечена изјава во пленарната сала. Заклетва пред пратениците дадоа Јован Митрески и Весна Бендевска. Антонијо Милошоски отсуствуваше од седницата поради здравствени причини.

Пратеничката Весна Бендевска во заклетвата кажа Р.С Македонија, а Јован Митрески го изговори целосното уставно име на државата Република Северна Македонија, како што ја прочита и собранискиот спикер.

На почеток