Македонка загина: тешка несреќа кај Солун
Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун.
Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.