Скопје

(Видео) Поплавени домови во Скопје, падна цела ограда од пешачки мост во Автокоманда, одлетани кровови оштетија автомобили

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица.

Граѓаните јавуваат и за гужви на обиколницата во Скопје, на исклучокот кај Бутел.

Невремето направи хаос кај Хотел Хилтон.

На почеток