Свет

Тинејџер исчезна на шпански остров: Потрагата трае веќе една недела

Во Шпанија запленети 720 килограми кокаин од Костарика

Британскиот тинејџер Џеј Слејтер исчезна пред една недела на шпанскиот остров Тенерифе, а потрагата по него продолжува, објави денеска Sky News.

Планински спасувачки и полициски тимови ја пребаруваат шумската област во Тенерифе, откако 19-годишниот Слејтер исчезна на 17 јуни додека бил на одмор со пријателите.

Семејството на Слејтер пристигна на островот за да помогне во потрагата, а досега се собрани повеќе од 35.000 евра за потрагата.

Во последниот телефонски разговор со пријател, тој рекол дека се изгубил, дека му треба вода и дека батеријата на телефонот му била речиси празна додека се обидувал да се врати во сместувањето.

Слејтер последен пат бил виден од неговите пријатели на фестивалот NRG на 16 јуни.

На почеток