Скопје

(Видео) Ветер со 100 км, град, дожд: дрвја откорнати од корен, уништени покриви, штетите големи во Скопје

И денешното кратко невреме направи хаос низ Скопје. Најпогодените делови овојпат, изгледа се во Ѓорче Петров.

Жителите на Волково, веќе посочуваат дека штетите кои ги трпат се големи – прокиснати тавани, откорнати дрвја искршени фотоволтаици, уништени покриви. Ветерот за кој жители велат дека бил и над 100 км на час, ги виткал дрвјата до земја.

Во наслбата „Даме Груев“ (Геге) скршени гранки откорнаа кабли за струја и телефонија.

Во Карпош. улиците станаа реки – водата наместо да тече низ атмосферската канализација, ги поплавува улиците.

На почеток