Силно невреме со дожд, грмежи и град ги зафати Хрватска, Србија и Словенија
Словенија, Хрватска и Србија синоќа беа зафатени со силно невреме, со дожд, грмежи и град. Невремето предизвика многу материјални штети.
Силно невреме синоќа ја зафати и Хрватска, претежно Славонија и Загреб, а силниот ветер, дожд со грмежи и град создаде огромни проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупања.
Во Загреб, поради оштетување на електричната мрежа и паднати дрвја, трамваите не сообраќаат, а делови од градот останаа без струја. Кон крајот на вечерта врнеше силен дожд, поради што делови од градот беа поплавени.
Невреме со силен дожд пропратен со грмежи синоќа ја зафати и Србија. Во главниот град врнеше силен дожд пропратен со грмежи.
Во Србија и утрово има невреме. Рано утрово Белград беше зафатен со силен дожд кој поплави улици.
Словенија ја зафати силно невреме со обилни врнежи, налети на ветер и град, а најмногу штети има во Долењска, каде густиот град уништи посеви, а силните налети на ветер оштетија и носеа покриви на куќи.
Поради невремето, издадено е портокалово предупредување за целата земја, соопшти Словенечката телевизија.