Македонија

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство

Dejan Davidovski Deso

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство. Тој се предаде на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти, објави Канал 5.

Тој беше осомничен за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста. По него беше распишана меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во Собранието на 27 април.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата, поради толкувањето на нивните закони го одби барањето на Македонија за екстрадиција.
На сајтот на МВР сѐ уште стои меѓународната потерница.

На почеток