Бугарските политичари обединети против Македонија: Целата Европска унија е на страната на Бугарија
Членовите на Комисијата за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија денеска на затворена седница едногласно ја усвоија предлог-декларацијата во врска со провокативните изјави од страна на македонските владејачки политички фактори и систематското уништување на дијалогот меѓу С Македонија и Бугарија, пренесува бугарската телеграфска агенција БТА.
Бојко Борисов, претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и лидер на партијата ГЕРБ, им се заблагодари на сите политички партии за постигнатиот консензус.
„Најважно е што со ова даваме знак дека бугарските политичари, бугарската држава, сите партии се обединети кога е во прашање добрососедството со двете земји и дека секој што ќе го прекрши треба да сноси одговорност“, рече тој.
Кирил Петков, уште еден од поранешните премиери на Бугарија, ја потврди позицијата на ЕУ, која, според него, целосно застанала на страната на Бугарија во спорот со Северна Македонија. Петков објасни дека Република Северна Македонија мора да одлучи дали ќе ги прифати Бугарите во својот устав или ќе ризикува долготрајна изолација од европските преговори.
“Целата Европска унија е на страната на Бугарија. Северна Македонија треба да одлучи дали сака да ги вклучи Бугарите во Уставот. Доколку не го направи тоа, нејзиниот пат кон Европа е затворен,” изјави Петков, потенцирајќи дека Албанија веќе се одделува и забрзано го продолжува својот пат кон ЕУ“, вели Петков.
Претседателот на крајнодесничарската партија Преродба, Костадин Костадинов повика на прекин на обврските од Договорот за добрососедство, доколку Северна Македонија не ги прифати Бугарите како државотворен елемент во нејзиниот Устав.
„Скопје има два пата: или ќе ги признае Бугарите како државотворен елемент и ќе ги вклучи во Уставот, или ќе остане надвор од преговарачкиот процес со ЕУ. Бугарија повеќе не треба да ги почитува обврските од договорот доколку Македонија не го стори тоа,” изјави Костадинов.
На вонредната седница на собраниската Комисија за надворешна политика утрово, сите партии во Бугарија едногласно ја поддржаа декларацијата предложена од Костадинов. Во документот се осудуваат антибугарските изјави на македонските функционери и се потенцира дека без вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, земјата никогаш нема да може да започне вистински процес на преговори со Европската унија.
Албанија почна преговори со ЕУ, а Македонија не“, вели тој.