Македонија

Компанијата тврди патниците направиле непотребна паника: „Имаше пареа, не чад“; Пријава во МВР нема

Компанијата чиј автобус вчера се враќаше од Грција, а патниците виделе чад па кршеле прозори, велат дека тоа било само пареа. Според „Ројал Травел“, се создала непотребна паника.

„Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само патниците предизвикаа непотребна паника“, велат од „Ројал травел“ во изјава за ТВ 21.

„Скопје1“ побара информации од МВР дали знаат за овој случај, но истиот не е пријавен во полиција.

На почеток