Скопје

Крадци маскирани во пожарникари се обиделе да ускрадат злато и пари од опожарените станови

Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која изби пожар во Чаир, соопштија од МВР.

Според информациите, крадците се маскирале како пожарникари и успеале да влезат во некој од опожарените станови и украле злато и пари.

Пожарот во зградата беше изгаснат утрото околу 9:30 часот, по цели .

Во огнените јазици беа зафатени подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица.

На почеток