Скопје

Еден загинат во тешката сообраќајка кај Млечен ресторан

Возач на мотор загина, а сопатничката се бори за живот по сообраќајката во Капиштец која се случи вчера околу 16 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Во сообраќајката учествуваа возило „цитроен крузер“ управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „дукати“ управувано од Г.Д.(32) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 часот, возачот им подлегнал на повредите, додека сопатничката е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток