Македонија

Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато, вели ВРЕДИ

„Помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици. Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато“, вели ВРЕДИ и додава:

Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат.

Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата ВЛЕН и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата.

И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија.

Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност.

Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции.

ВЛЕН е гаранција за стабилност и безбедност. ВЛЕН е иднината на Албанците.

На почеток