Македонија

(Видео) Први снимки од моментот кога се пали дискотеката во Кочани

Пиротехнички средства се најверојатно предизвикувачите на големиот пожар, во кој има над 30 жртви во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. „Скопје1“ дојде до две видеа на кои се гледа моментот кога се пали кровниот дел од клубот, на што реагира и Панчо од ДНК и бара од присутните да го напуштат клубот.

„Идете надвор, идете надвор, ќе се вратиме“, вели Панчо, по што се гледа како се реагира за гаснење на пожарот, а Панчо повторува: „Идете надвор сите“.

Според првичните информации, само во Клинички центар Скопје има 28 хоспитализирани, дел од нив се борат за живот.

На почеток