Десет пациенти се во потешка состојба, тројца се испратени на домашно лекување – стабилни се повредените од дискотеката во Кочани

Од
Објавено на

Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари.
Тој рече дека 101 пациент се надвор од државата.
„Можеби максимум десет пациенти да се испратат, а можеби и не. Тројца пациенти се испишани вчера“, рече Таравари.
