Македонија

Таравари демантира дека планира да го напушти министерското место во ресорот здравство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, негира дека планира да поднесе било каква оставка.

„Јас сум фокусиран на работите во здравство. Коалицијата е стабилна, јас продолжувам и на 1, 2, и на 5 април да го водам здравството“, рече Таравари.

Ставот на министерот доаѓа откако во јавноста се прошири вест дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април.

На почеток