(Видео) Мицкоски ги разбира протестите и гневот: Но не ги разбирам политичките глодари-лешинари


Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ги разбира сите кои гневот и протестите, но не ги оправдува, како што вели, политичките глодари, кои ги нарече и лешинари.
„Протестите се демократска алатка за изразување на незадоволство. Сите сме незадоволни од тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Се решија многу работи со изборот на оваа Влада, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи разграбувањето, националното уништување, разграбувањето на Македонија и токму тоа за политичките глодари е проблем, преку овие протести сакаат да добијат политички поен. Јас се придржувам на изразувањето револт и гнев, има многу работи пред нас да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто за идните генерации. Преку ноќ не може ништо да се направи, поразивме неколку мафијашки здруженија кои функционираа во државата“, рече Мицкоски.
Вечерва, во 18:59 минути има собир и марш од скопскиот плоштад.
