Пациентот кој почина со пукната аорта немало да ја преживее операцијата, а салата би се правела се реновира, велат од Кардиохирургија


Пациентот Тони Ангеловски кој почина со пукната аорта на Клиниката за кардиохирургија, немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите.
„Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот тексѕт. Со други зболрови пациентот нема прсната аорта и не крвари. Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилијум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки. Од друга страна кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството“, велат од Клиниката за кардиохирургија.
Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.
„На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за Торакална и Васкуларна Хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и матерјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во склоп на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватните болници а кои согласно нашите сознанија имаат договор со фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето“, додаваат од Клиниката.
Тие посочуваат дека во ниту еден момент не требало итно да се лекува Ангеловски, а дека нему нагло му се слошило.
„Околу 5 часот наутро следниот ден настапува нагло влошување на состојбата на пациентот по што се превземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите превземени мерки на лекарите за жал настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ“, додаваат од Клиниката за кардиохириргија.
