Спорт

Вардар по шести пат во Топ-8 во Европа

Вардар победнички го заврши осминафиналниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионите со ППД Загреб, откако и во реваншот во Скопје триумфираа „црвено-црните”, овојпат со 32-30 (19-13). Сега играчите и стручниот штаб може да размислуваат за следниот предизвик, Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата што ќе биде во вторник и среда во Брест, Белорусија.

Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа, а истовремено и 66 победа во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните” се најуспешната машка екипа од Македонија во Лигата на шампионите. Сега грабиме кон следната цел, а тоа пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Нашиот следен ривал треба да биде подобриот од дуелот ПИК Сегед и Висла Плоцк, и веројатно е дека ќе треба да патуваме на дуел во Унгарија.

Во меѓусебните дуели на Вардар и ППД Загреб во ЕХФ Лигата на шампионите сега позитивниот биланс е на страна на нашиот тим. Во 12 натпревари сега Вардар има шест победи, и едно реми.

Вардар покажа дека не постои прв и втор тим, прва и втора постава. Откако во 15 минута Парондо направи „хокеарски измени” и во игра ги внесе, Скубе, Горбок, Војводиќ, Кисељев, Борозан, Шишкарев ништо не се смени во играта. Вардар продолжи да доминира, а оние што беа на теренот „скокаа на глава” за секоја топка, се бореа лавовски без разлика што разликата беше 3-4 гола. На полувреме заминавме со „плус 6″ за водство 19-13. Тие шест гола и претходно ги имавме во текот на првото полувреме.

По долгата пауза и операцијата на преднит евкрстени лигаменти во тимот се врати и сергеј Горбок. При првите допири со топката дојде во ситуација да постигне гол, но беше спречен не прописно и изнуди пенал. Во последните секудни од првиот дел левиот бек постигна и одличен гол од десет метри носејќи голема радост на трибините.
Парондо реши да го почне мечот со Калифа Гедбан. Имаше повеќе топки во рацете, но несреќно завршуваа зад неговиот грб. Имаше три интервенции и покажа дека од натпревар во натпревар неговата форма постојано се подобрува и прераснува во врвен голман.

Да не беше опуштањето во второто полувреме ова ќе беше уште еден меч за „десетка” на вардарци. Имавме водство и од „плус7″ за 22-15. Тоа беше знак дека речиси е се завршено. Но гостите нм ислеа така. Ги искористија нашите измени во сотавот, и неколкуте загубени топки и нереализирани напади. Предноста полека се топеше и во 57 минута ППД Загреб првпата израмни, 30-30. Потоа следеше гол на Скубе, и во последната минута и гол на Шишкарев.

Целта беше остварена, втора победа против ППД Загреб сезонава во ЛШ, и отворање на вратата кон Келн.

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 32-30 (19-13)

ВАРДАР: Милосављев, Гедбан (8 одбрани), Стоилов 1, Кристопанс 1, Мораеш, Дисингер 1, Карачиќ 3, Скубе 2, Калараш 3, Чупиќ 9, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 1, Кисељев 2.

ППД ЗАГРЕБ: Кастелиц, Ристановиќ, Ереш, Мраковчиќ 3, Божиќ Павлетиќ 2, Контрец 1, Буриќ 5, Сршен 3, Хорват 11, Поточник 2, Јотиќ, Равниќ, Мандиќ, Хрстиќ 1, Бичаниќ 2, Векиќ.

извор: RK Vardar

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток