Македонија

(ВИДЕО) Ципрас пристигна во Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со владина делегација и бизнисмени пристина на скопскиот аеродром. Ова е прва официјална посета на Македонија.

Денеска тој ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот дочек ќе биде пред платото на Владата со сите државни и воени почести. По средбата, се очекува двајцата премиери да дадат изјави на прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На почеток