Македонија

Инспекцискиот надзор не утврдил неправилности на Струшкото крајбрежје

Државните инспекторати за животна средина, за градежништво и урбанизам и за земјоделство во соработка со овластениот градежен инспектор на Општина Струга извршиле надзор на конкретни парцели на Струшкото крајбрежје, при што констатирале дека нема изграден објект и не се одвиваат подготвителни, нити други градежни активности од поединци или групи, соопшти денеска Инспекцискиот совет.

Инспекциски совет на Влада на Северна Македонија:

Врз основа на налогот за координиран инспекциски надзор, сите горе споменати институции доствија поединечни известувања од извршениот инспекциски надзор каде констатираа дека во моментот на надзорот, на конкретните парцели нема изведен објект и не се одвиваат подготвителни, ниту други градежни активности од поединци или групи“.

Урбанистичкиот инспектор, како што е наведено, од увидот во достапните урбанистички планови, утврдил дека актуелниот Генерален урбанистички план за Општина Струга не ги опфаќа предметните парцели.

– Во однос на уништувањето и палењето на трска, известени сме дека околу парцелите што беа предмет на надзор се забележува појава на запалена трска и друга вегетација, поради што од страна на државен инспектор за заштита на природата и Државниот инспектор за животна средина поднесена е кривична пријава против непознат сторител до ОЈО во Струга, информира Советот.

Инспекцискиот совет, според информацијата, на 28 март издал повторен налог за вонреден координиран инспекциски надзор на истите инспекциски служби при што е побарано соработка од Агенцијата за катастар.

Во повторениот налог, проширен е и територијалниот опфат на инспекцискиот надзор, од детското одморалиште „Мајски цвет“ до селото Калишта.

 

На почеток