Македонија

Почина познатиот историчар на уметноста и археолог охриѓанецот Гоце Жура

Синоќа во Охрид почина Гоце Ангеличин Жура (роден во Охрид1951 год.),  историчар на уметност. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Философски факултет – група Историја на уметност и археологија, прва генерација, во Скопје. Прво вработување му е во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 год., каде што непрекинато работеше како историчар на уметноста – музејски советник. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот “Св. Климент Охридски” за 2007 година.

Охриѓани но и целата јавноста Жура ќе го паметат како  човек посветен на професијата. Гоце беше хроничар на град Охрид. Својата библиотека ја збогати со  15 сопствени  книги, вредни дела посветени на бројните цркви и храмови , пештерските цркви, фрескоживописите, културното наследство, патеписите за Охрид и др…..

Една филозофска мисла водилка на Гоце Жура беше:

Се’ жртвувајте за животот и се’ очекувајте од животот и животот ќе ви даде се’ кој ќе го освои животот го освоил најбогатиот град од сите светови и во тој град ќе најде поголемо богатство од она штo окото може да го види, срцето да го посака и сонот да го сонува”.

Жура често велеше дека енергијата ја црпи од Свети Климент.

Живеам во близина на Плаошник, нема ден да не одам на камењата на Плошник да вдишам од Светиклиментовиот дух, тоа ми дава идеја,,,, тоа е мојата инспирација, па затоа и секојдневно творам. Газам на камењата стари од Свети Климент и ја чуствувам енергијата на нашиот светител .

Жура во рамките на своите заводски задолженија како раководител на ресорот за “Фрескоживопис и иконопис од X до XIX век во Охрид и охридскиот регион“, вршел перманентен увид во состојбата на спомениците на културата.

Тој беше основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач е на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе – Р.Албанија, што резултира со откривање нови ликови на Светите Климент и Наум кои пополнуваат една голема празнина за овој период. Истражувањата исто така разултираат и со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.

Гоце Ангеличин Жура ја применил својата стручна информираност во многу јавни настапи низ аудио-визуелните медиуми и печатот, како и со соработка на дигитални проекти, со што придонел за значително поголем интерес на пошироката јавност за вредностите на средновековната уметност. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство.

Посметрните останки на Жура ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 03 април од 12:00 до 13:00 часот.

Има објавено шеесетина труда во периодиката меѓу кои се и книгите :

Страници од историјата на уметноста во Охрид и охридско (XV –XIX век),Охрид 1997;

Пештерните цркви на брегот на Охридското Езеро,Охрид 2000;

Пештерните цркви во охридско-преспанскиот регион (Р.Македонија,Р.АлбанијаР.Грција),Охрид 2005;

Охридски митрополитски кодекс /коавтор/,Охрид 2005;

Христијански храмови и свети места во охридско,Охрид 2007;

Поглавари на Охридската црква, Охрид 2008;

Црквата Света Богородица,с.Велестово,Охрид 2008.

Поважни стручни прилози[уреди | уреди извор]

Прилог кон проучување на охрискиот иконопис од XVII и XVIII век, Ликовна уметност, Друштво на Историчари на уметност на Македонија, 10-11(1983– 84), Скопје 1985;

Некои согледувања за црковните споменици од XIX до XX век во охридскиот крај,исто..12-13,Скопје 1987;

Црквата “Св.Ѓорѓи” во с.Врбјани-охридско, Лихнид, бр.6, Охрид 1988;

Приказ на охридски икони од поствизантискиот период, Културно наследство, XII – XIII, Скопје 1988;

Документи за црковните енории во Охрид од крајот на XVII век, Гласник на ИНИ,год.XXXVI, бр.1-2, Скопје 1992;

Богородичината црква во с. Турје, охридско, Зборник Н.С., бр.1, Музеј на Македонија, Скопје 1993;

Уште едно необјавено иконописно дело на зографот Димитар, Светиклиментово слово, Црковен Алманах, Охрид, 1994;

Новооткриена пештерна црква на брегот од Охридското Езеро, Списание за изобразително искуство / ИЗКУСТВО АРТ/, Софија, бр. 18, 1994;

Новооткриени средновековни портрети на св. Наум Охридски и охридскиот архиепископ Прохор, Културен живот, бр.1-2,Скопје 1995;

Ѕвоно со ликот на ‘ Св. Наум’ македонија, Илустрирано списание на Матица на иселениците од Македонија, бр.5О4,IV, Скопје 1995;

Краток опис на иконата’ Пресвета богородица со Христос’, Пелагонитиса, / Списание за православна вера,култура, образование и уметност/година прва, бр.1, Битола 1996;

Црквата “ Св. Богородица пречиста – Келија” с. Велмеј – охридско, Културно наследство, 19-2о-21/1992-93-94/, Скопје 1996;

Иконата на “ Свети Јован Претеча” од црк. Св. Ѓорѓи во Охрид, Пелагонитиса….бр.3-4,Битола, 1997;

Ликот на “ Свети Климент Охридски” во пештерската црква “ Рождество Богородичино” во манастирскиот комплекс Калишта, ICOM, Меѓународен совет на музеите, MUSEOLOGICA,56,Скопје 2001;

Топографија на христијанските сакрални објекти во Охридскиот регион, Пелагонитиса…год.VIII, бр.13-15, Битола 2003;

Претстави на локални светители во Москополските цркви Св. Никола и Св,Атанасиј, Симпозиум 1ОО години од прокламирањето на имеријалниот акт ИРАДЕ, Битола, 2005;

Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион, Зборник Радова,4,Ниш,2006;

Непознати ликови на Свети Климент во средновековните цркви, Прва научна средба, Св. Климент Охридски, живот-дејност,НУБ, Скопје 2007;

Нов археолошки налаз у Охриду, дали је откривен катедрални храм Самуилове Патријаршије? Зборник Матице Српске за ликовне уметности, Нови Сад 2008

Црквата Светите 40 маченици во Охрид, Диана, оделење за превентивну заштиту – Народни музеј у Београду, број 12, 2008

Два прилога за познавање на поствизантиската уметност во охридско-преспанскиот регион, Културно наследство, 34, Скопје 2008

Мистиката на пештерните храмови во охридско-преспанскиот регион, Македонски фолклор, година XXXIV, број 65, Скопје 2008

Ликови на светители во москополски цркви (Р.Албанија), ПАТРИМОНИУМ.МК. Списание за културно наследство, година 2, број 3-4, 5-6, Скопје 2009

 

На почеток