Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може да ги чува, откако ќе добијат третман, во рок од 30 дена мора да ги вратиме од местото каде што се земени -вака градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се правдаше за долгогодишниот проблем со кучињата скитници. Како главни виновници ги посочи сопствениците кои поради негрижа ги оставаат своите миленици на улица, пишува 24 Вести.
„Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може да ги чува. Ние според комуналната програма, што во моментот ја имаме, можеме кучињата-скитници да ги земеме, третираме и должни сме истите по рок од 30 дена да ги вратиме на местото каде што се заловени“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град Скопје
Повеќе од 11 илјади чипови за домашните миленици веќе се доставени кај сопствениците, со цел полесно да се детектираа и да се спречи приливот на животните на улица-вели Шилегов. Сепак, се поголем е бројот на уличните кучиња кои шетаат низ скопските улици.
„Околу 6 до 8 илјади кучиња – скитници има во Скопје. До триесети јуни се регистрирани нови 700 кучиња“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град Скопје
Граѓаните пак кои се жалат дека не се безбедни , со поделени мислења околу тоа како да се реши овој проблем. Сепак и едните и другите ги обвинуваат сопствениците, но и властите.