Промени тема
Контакт

(Видео) На кардиналот Зупи седум часа му требало да ги прочита имињата на убиените деца во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kardinal-mateo-zupi

Кардиналот Матео Зупи, претседател на Италијанската бискупска конференција, минатата недела, во очи празникот Голема Богородица, предводеше потресно молитвено бдение на кое беа прочитани имињата на сите деца убиени во израелско-палестинскиот конфликт во последните две години.

За време на бдението, Зупи и членови на неговата бискупија наизменично читаа имиња од список долг 469 страници: 16 израелски деца убиени на 7 октомври 2023 година и 12.211 палестински деца загинати во израелската офанзива во Газа до 25 јули 2025 година. Читањето траеше речиси седум часа.

„Ги изговараме нивните имиња едно по едно. Тие од сите нас бараат да го бараме патот кон мирот со повеќе ум и страст“, порача Зупи.

— реклама —

Бдението беше одржано во паркот Монте Соле кај Марзабото, на местото каде во 1944 година нацистите масакрирале речиси 800 луѓе, меѓу кои и деца. Организатор беше монашката заедница „Мала фамилија на Благовештението“ во соработка со Школата за мир.

Католичките лидери последните недели сè поинтензивно апелираат за прекин на војната во Газа. Патријархот на Ерусалим, кардинал Пицабала, нагласи дека „крвта на невините не е заборавена“, а и папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот.

— реклама —

Кардинал Зупи, познат и како мировен посредник меѓу Русија и Украина, со овој чин уште еднаш ја нагласи силата на молитвата и потребата светот да не ги заборави жртвите на војната.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryglb22uj4ohm38V22BUD

Почина најстариот маж во Италија, еве колку години имаше

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Нови изборни правила во Италија: Со 42 отсто гласови до големо парламентарно мнозинство

Свет | пред 3 дена

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Италија: Дронот соборен над Литванија најверојатно дошол од Русија

Свет | пред 3 дена

media-librarykhn3ajcpmucde9fCFD3

Популарна дестинација сè почесто воведува понуда само за возрасни: „Кучињата се дозволени, децата не“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања