Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Еве кој ја снабдува Европа со гас и нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
873x400-1-16

Вкупната продукција на нафта, кондензат, течни деривати и природен гас во Норвешка во јули достигна 672.000 кубни метри дневно, што е еквивалентно на 4,23 милиони барели нафта. Овој обем е за 3,9 проценти поголем од првичните прогнози, пренесе „Ројтерс“. Само производството на природен гас изнесувало 328,3 милиони кубни метри дневно, што е за 2,2 проценти над проценките, а производството на сурова нафта пораснало на 1,96 милиони барели дневно, исто така над очекувањата.

— реклама —

Норвешка останува најголем снабдувач со природен гас на европскиот континент и е еден од најважните производители на нафта. Производството варира месечно, главно поради редовно одржување и застои на повеќе од 90 нафтени и гасни полиња во Северното Море. Владата во Осло најави дека ќе отвори нова рунда лиценци за истражување на нафта и гас на сè уште неистражени подрачја од норвешкиот континентален појас.

— реклама —
— реклама —

Норвешка во просек произведува околу четири милиони барели нафтен еквивалент дневно – половина во природен гас, а остатокот во сурова нафта и други течни енергенти. Со тоа земјата го зајакнува статусот на стратешки енергетски партнер на Европа, особено во услови на намалени испораки од Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sun-rays-cloudy-sky

Научниците објаснуваат зошто Европа е континентот што најбрзо се загрева

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library2p90cq3bgvrkbu4F7c6

Станбената криза го менува трендот: Сè помалку Европејци живеат во сопствен дом

Свет | пред 4 дена

media-librarynto4oka2v40k6J0up9B

Нов тренд во туризмот: бегство од гужви и избор на мирни локации

Магазин | пред 2 седмици

media-library0c0pnmrss31hd5rIF63

Бројот на семејства со деца опаѓа, расте бројот на самци во Европа

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања