Главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, се огласи на социјалните мрежи по критиките дека врши им врши цензура на вработените.
„Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето секојдневие. И секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш твојата работа, иако, се рaзбира нема поим од тоа. За една работа Србите се во право : “Мишљење је као д***! Свако га има“, напиша Кировски.
Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето…
Posted by Atanas Kirovski on Tuesday, October 16, 2018
Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.
Кога работев во Би Би Си, ме повикаа да гостувам на телевизиска дебата, околу одредена политичка тема. Ги прашав…
Posted by Atanas Kirovski on Tuesday, October 16, 2018
“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.
Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.