Македонија

Градоначалникот на Охрид со крадените говори стигна на BBC

Светскиот сервис на Би Би Си објави сторија за читањето препишани говори и портпаролите кои на Градоначалникот на Охрид една година успешно му даваат препишани говори од неговиот претходник, да ги чита на официјални церемонии.

Градоначалникот на Охрид во телефонски разговор со новинар на Би Би Си одбегнал да даде изјава и новинарите ги замолил да му се обратат писмено.

Во прилогот свој став изнесува и сопственикот на „Охрид 1“ кој вели дека веста предизвикала различни реакции во јавноста, почнувајќи од потсмев, до револт и констатации дека тоа е реална слика на тажната состојба во кое е нашето општество потонатато.

Таневски за Би Би Си вели дека неработењето е одлика на администрацијата,бидејќи луѓето кои таму работат на некој начин всушност се згрижени, а не вработени и дека се донесени со политички одлуки на партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

ПОРТПАРОЛИТЕ ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ ТВРДАТ ДЕКА ВИДЕОТО Е МОНТИРАНО И ДЕКА ГОВОРОТ НЕ БИЛ ИСТ

Во прилогот конечно свој став изнеле и портпаролите од „Одделението за односи со јавност“ од каде конечно се одважија да излезат со став и тоа пред светската јавност.

Тие тврдат дека „Охрид1“ го измонтирал видеото со цел да се збуни јавноста, а тие ќе докажеле дека говорот не бил препишан, а за лицето кое го објавило даваат квалификација дека бил „самопрогласен“ новинар.

Би Би Си натаму во прилогот ги објавува двата говори во кои од редакцијата на овој светски медиум ги објавиле ов целост, и јасно се гледа дека говорот е целосно ист од почеток до крај.

Целиот текст на Би Би Си прочитајте го со клик Т У К А.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток