Македонија

Од понеделник теренска вакцинација – невакцинирани деца нема да се образуваат

Теренската вакцинација во скопските училишта ќе почне од другата недела. Медицинските тимови ќе се распоредат по училиштата и до половината на мај веќе треба да ја завршат мисијата. Но, ќе мора да имаат согласност од родителите за дадат доза од МРП на учениците.

Дури половина од децата на претшколска и школска возраст кои не биле вакцинирани пред епидемијата, се уште немаат имунитет на заразата од морбили. Здравствените власти ќе вакцинираат теренски за училиштата да смеат да ги запишат и да ги распоредат по одделенијата. Сепак, Законот останува неразјаснет. Основното образование е задолжително, но услов за упис се примени вакцини.

Вакцините се безбедни тврдат одговорните. Нови количини вакцини стигнале денес и ќе се распоредат во здравствените домови.Несакани дејства пријавиле тројца досега.

МРП вакцина во земјава немаат примено 22.612 деца до 14 години. Податоците од ИЈЗ покажуваат дека повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4400 се од Скопје. Според министерот за здравство иако годинава од морбили биле заштитени над 20.000 деца, сепак процентот сеуште не е доволен за стекнување колективен имунитет и сузбивање на епидемијата.

На почеток